Поврзете се со нас

Одбојка

Ангеловски и Костиќ не се во комбинација за тест средбите со Романија

Објавено

на

foto: vfmkd.org.mk/

Македонската одбојкарска репрезенатција ќе одигра два контролни натпревари со Романија како подготовка за Европската златна лига.

Двата тест натпревари се закажани за петок и в сабота, а селекторот Хари Наковски нема да може да смета на услугите на повредениот Лука Костиќ, но и на Дарко Ангеловски кој ќе отсуствува затоа што се уште нема нов пасош.

Ова значи дека на позиција либеро покрај Костадин Ричлиев ќе игра Ангел Бошков, а на примачи ќе имаме две три опции: Владо Милев, Стојан Илиев и Тоше Ефремов. Сите други се стандардни, со напомена дека Александар Љафтов ќе ја пропушти Европската златна лига и ќе се приклучи на подготовките за августовските квалификации за Европското првенство 2026. Во персонална смисла, свежување за оваа акција се Михајло Мирасчиев и Стојче Арсов.

Состав за пријателските со Романија:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција)Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија)Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Костадин Ричлиев (Штип УГД), Ангел Бошков (Работнички 47&72)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни