Поврзете се со нас

Балкан

Адеми погоди за клучна победа, Динамо ја потврди новата титула (Видео)

Објавено

на

Аријан Адеми го скрши отпорот на Осијек, а Динамо со неговиот гол оствари победа (1:0), со која ја потврди новата шампионска титула во хрватското фудбалско првенство.

Македонскиот интернационалец реализираше со глава во 73. минута и ги израдува домашните фанови, најавувајќи ја важната победа со која Динамо теоретски потврди нов успех во домашниот шампионат.

Стефан Ристовски исто како Адеми беше стартер на денешниот дуел и двајцата одиграа важна улога во клучната победа, која дојде по киксот на Риека на гостувањето кај Вараждин.

На две кола до крајот, Динамо има седум бодови повеќе од единствениот ривал за титулата, кој ја прокоцка предноста во последните три рунди во кои не освои ниту еден бод и го загуби директниот дуел со Динамо на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни