Поврзете се со нас

Репрезентација

Митев: Горд сум што сум Македонец, вакво нешто не се случило

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација го покажа своето најдобро лице во бараж реваншот за пласман на Светско првенство, па така нашиот најдобар тим повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување.

Лошото издание на гостувањето во Торшавн беше брзо заборавно со магична вечер во „Борис Трајковски“, од која дел беа и 7 илјади македонски фанови кои беа ветер во грб за Кирил Лазаров и неговите ракометари.

Македонија успеа да направи пресврт и со победа од осум гола обезбеди мундијалска виза, а едно од најголемите изненадувања на мечот беше Марко Митев кој постигна седум гола во мрежата на Фарски Острови.

– Пред се сакам да се заблагодадрам на цела публика, на фановите кои дојдоа тука и на луѓето кои не бодреа од екраните. Горд сум што сум Македонец и навистина треба да славиме. Мислам дека вакво нешто не се случило.

– На првиот меч таму игравме ноншалантно, сега се променија многу работи и влеговме многу мотивирани. Публиката ни беше ветер во грб, победивме добра репрезентација која според мене многу ќе расте во иднина, – изјави Митев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни