Поврзете се со нас

Италија

Имобиле искрен: Критиката боли, оваа година не можев да ги замолчам

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио го победи Селтик со 2-0, а за тоа најзаслужен беше искусниот Чиро Имобиле кој влезе во вториот дел и со два гола му донесе славје на неговиот тим, но и воедно пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите со оглед на тоа што Атлетико Мадрид триумфираше над Феенорд во Ротердам.

На Имобиле секако не му беше свеедно што не се најде во почетната постава, но за него клубот е на прво место.

-Ако можете да го сонувате, можете тоа да го направите. Не размислував за тоа што бев изоставен, бидејќи ова е тежок момент за тимот и мислам дека ставањето на личните интереси пред оние на тимот само ќе ги направи работите потешки, -рече Имобиле кој даде коментар за двете страни на Лацио, оној во Серија А и оној во ЛШ.

-Единственото објаснување на кое можам да дојдам е дека ентузијазмот од играњето на овој турнир не става во состојба да го дадеме најдоброто од себе. Тоа не е свесна грешка, но овој ентузијазам мораме да го внесеме и во нашите настапи во Серија А, -порача Чиро кој со својата партија им одговори на критичарите, па и на селекторот Лучијано Спалети кој не го повика за последните мечеви за Италија.

-Движењето на работ на офсајд линијата и правењето на овие движења ми дава самодоверба. Отсекогаш сум бил навикнат да одговарам на критичарите на теренот. Сепак, годинава беше поинаку, ме повредија. И бидејќи не бев во добра форма, не добив шанса да ги замолчам -заврши напаѓачот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни