Поврзете се со нас

Германија

Хумелс ги „поздрави“ фановите на Премиер лигата: Добра жетва неделава… (Фото)

Објавено

на

foto: twitter.com/BVB

Матс Хумелс е еден од најискусните фудбалери во редовите на Борусија Дортмунд и еден од најзаслужните што неговиот тим оствари пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Бундеслигашот го елиминираше Атлетико Мадрид во четвртфиналната рунда и заедно со Баерн Минхен ќе ја претставува Германија во полуфиналето, фаза во која ќе нема ниту еден англиски клуб.

Овој одличен скор на бундеслигашите, придружен со пласманот на Баер Леверкузен во полуфиналето на Лига Европа, го мотивираше ветеранот да ги „пецне“ фановите на Премиер лигата.

Често може да се слушнат коментарите дека Бундеслигата е „фармерска лига“, алудирајќи на слабиот квалитет во истата, па Хумелс испрати јасна порака, која беше пренесена и од „Икс“ профилот на неговиот клуб.

– Добра жетва неделава, мои пријатели фармери, – напиша Хумелс и очекувано предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни