Поврзете се со нас

Италија

Пет важни правила-Милан е во потрага по ваков тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Италијанскиот прволигаш Милан се очекува да се раздели со актуелниот тренер Стефано Пиоли по крајот на оваа сезона, сезона во која калчолигашот имаше далеку поголеми амбиции, ама на крајот мора да се задоволи со цел освојување на второто место во Серија А.

Во јавноста се вртат повеќе имиња како потенцијални наследници, а со еден од нив Хулен Лопетеги се водеа и успешни преговори, но по реакцијата на навивачите оваа приказна запре и вестите се дека „росонерите“ и понатаму бараат идеален кандидат.

Според „Тутоспорт“ новиот тренер мора да се држи до пет важни правили или да ги исполнува-тоа се дефиниран систем на игра, силни мотивациски вештини, лидерска способност во соблекувалната, планови за намалување на повредите и подобрување на рамнотежата помеѓу куп натпреварувањата и лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни