Поврзете се со нас

Англија

Невил за „траумите“ од тренерското искуство во Ла Лига: Тој не сакаше ни да се ракува со мене

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Гери Невил во својот подкаст повторно зборувал на интересни теми, а го споменал и своето кратко и неуспешно искуство како тренер на Валенсија.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед не се прослави како тренер и оттогаш работи само како стручен коментатор, а пред своите соговорници зборувал за непријатното искуство со Луис Енрике.

Актуелниот тренер на ПСЖ во тие моменти ја предводеше Барселона, а Невил истакнал дека бил толку арогантен што не сакал ни да се ракува со него по крајот на средбата на која Валенсија претрпела пораз.

– Се сеќавам дека игравме против Атлетик Билбао во Лига Европа и првенството, а Ернесто Валверде беше нивен предводник од клупата. Играше со различен систем од тоа што го очекував, а потоа за време на натпреварот направи нова промена. Тогаш сфатив дека сум далеку од тоа ниво, тој беше километри подалеку од мене во професијата.

– Слично нешто доживеав и против Диего Симеоне, тој ден чувствував дека ме надмудри во секој аспект, тактика, водење на екипата за време на натпреварот и агресивност.

– Најлошото се случи против Барселона. Тие победија со 7:0, а кога водеа 5:0 Луис Енрике не ги извади од игра Нејмар, Меси и Суарез. По крајот на средбата помина покрај мене и избегна да се ракува, почувствував дека ми испраќа порака дека не припаѓам таму, – открил Невил.

Поранешниот англиски фудбалер потенцирал дека најдобро поминал со Рафа Бенитез, кој му посветил најмногу внимание, иако во тие моменти го водеше Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни