Поврзете се со нас

Шпанија

Мекманаман со комплименти за ѕвездата на Реал: Тој има поголемо влијание од Роналдо и Зидан

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Стив Мекманаман во својата кариера настапуваше за три клуба, а еден од нив е Реал Мадрид и тоа во периодот кога овој тим имаше асови, ѕвезди од најголема класа.

Со оглед на тоа што мина четири години во Мадрид тој и ден денеска ги прати сите случувања околу „кралевите“, па од актуелниот состав издвои едно име кое според него има поголемо влијание во соблекувалната од Роналдо, Фиго и Зидан.

-Луис Фиго дојде во соблекувалната. R9 [Роналдо Назарио], „Ел Феномено“ дојде во соблекувалната. Зизу [Зинедин Зидан] дојде во соблекувалната. Никој немаше влијание како него [Белингем] и тоа го направи на возраст од 20 години. Тоа е феноменално.

-Тој му се приклучи на Реал Мадрид за големи пари на почетокот на годината на 19-годишна возраст. Ова беше преодна година за Реал Мадрид бидејќи Карим Бензема отиде, секако Еден Азар, Асенсио. Џуд Белингем влезе како засилување број 1. И уште неколку пропратни потписи. Ама тој беше главниот. Фактот дека тој ја презеде оваа улога како што направи.

-Погодоци во две ел класика, освојување на Супер Купот, освојување на Ла Лига и сега е во полуфиналето на Лигата на шампионите, сето тоа на негови рамена. Каква апсолутна ѕвезда, -истакна Мекманаман.

Англичанецот има постигнато 21 гол за Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни