Поврзете се со нас

Формула 1

Хулкенберг ќе го напушти Хас и ќе вози за друг Ф1 тим

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HaasF1Team

Нико Хулкенберг денеска потврди дека ова му е последна Формула 1 сезона во тимот на Хас и следната ќе биде член на ривалски тим.

Германецот ќе ја заврши тригодишната соработка со Хас за да стане член на Заубер, тимот кој една сезона подоцна ќе го промени името во Ауди и ќе биде освежување во Формула 1 шампионатот.

Актуелните возачи на Заубер, Валтери Ботас и Жу Гванју речиси сигурно ќе го напуштат тимот по крајот на сезоната, а шпекулациите се дека главен кандидат за тимски колега на Хулкенберг е Карлос Саинц.

Од друга страна, испразнетото место во редовите на Хас би требало да го пополни Оливер Берман, кој имаше одличен Ф1 деби настап како привремена замена за Саинц во болидот на Ферари во Саудиска Арабија.

Во актуелната сезона, Хулкенберг веќе собра 4 поени за Хас, додека актуелните возачи на Заубер немаат ниту еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни