Поврзете се со нас

Италија

Милан даде три гола, ама не ја победи Џенова (ВИДЕО)

Објавено

на

Милан дефинитивно е во лоша форма во финишот на оваа сезона, а нова потврда за тоа добивме и вечерва каде вечерва не успеа да дојде до целиот плен против Џенова.

„Росонерите“ дадоа три гола, ама и тоа не беше доволно за посакуваниот триумф или поточно мораа да се задоволат со реми. Џенова двапати водеше на „Сан Сиро“ преку Ретеги и Екубан, домаќините возраќаа преку Флоренци и Габија за да во 75 минута Жиру погоди за пресврт и водство на фаворитот од 3-2.

И кога сите навивачи на „црвено-црните“ помислија дека ова ќе биде доволно за нов шок во Милано се погрижи Тиао кој си постигна автогол во 87 минута.

Ова за Милан беше четврти натпревар во серија без триумф во Калчото, помина еден месец од последното славје кое беше против Лече.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни