Поврзете се со нас

Свет

Аргентинците се збогуваа со голема легенда: Ти благодариме, Флако (1938-2024)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Argentina

Аргентинската фудбалска федерација вечерва ја објави смртта на легендарниот Сезар Луис Меноти, една од големите легенди на „гаучосите“, која испиша историја и како фудбалер и како тренер.

Меноти остави печат со своите настапи како напаѓач за неколку аргентински тимови, играше и во бразилски Сантош заедно со Пеле, а фудбалската кариера ја заврши во 1970 година.

Осум години подоцна ја предводеше Аргентина како селектор на Светското првенство на кое јужноамериканската селекција беше домаќин, а истото и го освои со победата во финалето против Холандија.

Тоа беше прв мундијалски триумф на Аргентинците, па со овој успех Меноти си обезбеди значајно место во фудбалската историја на земјата со голема фудбалска традиција.

По 1983 година, Меноти работеше како тренер во повеќе клубови, а посебно се истакнува и сезоната како предводник на Барселона, во која неговиот тим во чии редови настапуваа Марадона и Шустер, ги освои Копа дел Реј, Лига купот и шпанскиот Супер куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни