Поврзете се со нас

Свет

Важен потпис: Анадолу Ефес потпиша нов договор со најдобриот играч

Објавено

на

foto:twitter.com/AnadoluEfesSK

Турскиот прволигаш Анадолу Ефес за краток временски период објави два потписи, па така откако официјално потврди дека екипата и во иднина ќе биде предводена од хрватскиот стратег Томислав Мијатовиќ денеска стигна веста дека нов долгогодишен договор потпишал Шејн Ларкин.

Американецот е најдобриот играч на тимот од Истанбул, ас кој од 2018 настапува во актуелнава средина во која треба да остане најмалку до 2028 година.

Плејмејкерот имаше највисоки лични бројки во Евролигата во актуелнава сезона, 16,8 поени со 2,8 скока и 5,1 асистенции по натпревар.

Тој со Ефес има освоено две евролигашки титули во 2021 и 2022 година, но и пехари во турската лига, Купот и Супер Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни