Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА планира да дозволи состави со 26 фудбалери за претстојното ЕП во Германија

Објавено

на

Селекторите на репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство имале дводневен состанок со претставници на УЕФА и најголем дел од нив побарале зголемување на бројот на достапни фудбалери за турнирот.

Мнозинството селектори побарале да се дозволи 26, наместо 23 повикани играчи за настап на ЕП во Германија, со што би се намалил негативниот ефект на долгата сезона и големиот број повреди со кои вообичаено се соочуваат националните тимови по нејзиниот крај.

Роналд Куман е еден од најгласните во лобирањето за вакво решение.

– За мене е апсурдно да можете да повикате само 23 фудбалери, тоа е неприфатливо и УЕФА не смее да биде тврдоглава. Многу репрезентации веќе имаат повредени фудбалери, а ситуацијата може дополнително да се влоши. Доволно е да се повреди еден играч и веќе не можете да тренирате „единаесет на единаесет“ за време на подготовките, – рекол Куман.

И покрај ваквиот став на голем број селектори, дел од нив сметаат дека дополнителни тројца фудбалери ќе имаат негативно влијание врз менаџирањето со групата и ќе ги зголемат трошоците за федерациите.

УЕФА со кратко соопштение потенцира дека ги слушнала размислувањата и наскоро ќе биде донесена конечна одлука.

ЕП започнува на 14. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни