Поврзете се со нас

Шпанија

Арда се срами да изговори по име двајца соиграчи од Реал: Така би покажал непочитување

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер максимално ја користи секоја шанса која ја добива од Карло Анчелоти и покажува за каков потенцијал станува збор на секој меч на кој игра, па така беше и на натпреварот против Реал Сосиедад кој се одигра во петокот.

Младиот Турчин не ужива статус на стартер и допрва ќе треба да се бори за таква позиција во тимот, но свесен е дека пред него е цело време на светот и се надева дека втората сезона ќе биде многу подобра од првата.

И покрај тоа што не се изнаигра, Ѓулер ги воодушеви сите свои соиграчи со својот талент и техничките квалитети, а сега самиот открива дека воспоставил братски однос со најголем дел од колегите, вклучувајќи ги и Крос и Модриќ чии имиња се срами да ги изговори.

– Не можам да ги викам Модриќ и Крос по нивното име, бидејќи сметам дека така би покажал непочитување кон нив. Тони го завикав „брате“, а истото важи и за Лука. Интересно е што и тие му возвраќаат со „брате“.

– Уште поинтересно е што соиграчите знаат да ме нареуваат и „Аби“, тоа е прекарот кој го добив. Тоа е нависитна интересно, бидејќи никој не знаеше што значи „Аби“ на турски (брат), – открива Арда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни