Поврзете се со нас

Англија

Ричардс за најголемиот тест за Сити: Ако го добијат тој меч, тогаш сигурно ќе станат шампиони

Објавено

на

Манчестер Сити го освои „Сити Граунд“ и направи исчекор кон одбрана на титулата во Премиер лигата.

Актуелниот првак имаше одредени проблеми со Нотингем Форест, но она што е најважно пронајде начин да дојде до трите посакувани бода со головите кои ги постигнаа Јошко Гвардиол и Ерлинг Халанд.

Сега Сити има 79 бода или еден помалку од лидерот Арсенал, ама и натпревар помалку што во предвод значи дека се зависи од нив, поточно добивање на сите средби до крајот им гарантира останување на врвот во англискиот фудбал.

Мајка Ричардс како поранешен играч на „граѓаните“ се надева на такво сценарио, а според него истото со сигурност ќе се реализира ако избраниците на Пеп Гвардиола успешно го минат гостувањето кај Тотенхем, ривал кој знае да биде многу незгоден за нив.

-Тотенхем на гостински терен, тоа е натпреварот. Ако го добијат тој натпревар, тогаш ќе ја освојат лигата. Мислам дека Тотенхем би можеле да му направат проблем на Сити, го имаат претходно направено со тоа што се агресивни кога притискаат, нивната транзиција е добра, тие имаат темпо на крилата, брзина во позадина со Сон. Тоа е мечот на кој ќе внимавам ако сум Сити, -вели Ричардс.

Кога се во прашање останатите дуели во ПЛ, тука се соочувањата со Фулам, Вулверхемптон и Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни