Мото ГП
Шампионот Бањаја ја отвори со победа новата Мото ГП сезона
Новата сезона во Мото ГП започна како што заврши минатата, односно со целосна доминација на Дукати и повремени блесоци на фабрички тимови како КТМ и Априлија.
Од првите десет најдобро пласирани денеска во Катар, дури шест возачи беа претставници на Дукати, двајца на КТМ и двајца на Априлија, со тоа што најдобар беше актуелниот шампион.
Пеко Бањаја не беше најбрз во спринтот кој се возеше вчеравечер, но денеска издоминира од почеток до самиот крај и беше за скалило подобар од останатата конкуренција.
Бренд Биндер со КТМ ги изненади останатите претставници на Дукати и се избори за второто место на подиумот, додека третото место му припадна на Хорхе Мартин кој успеа да го добие дуелот со Марк Маркез.
Во својата прва трка како возач на Дукати, шесткратниот шампион во Мото ГП покажа далеку подобри перформанси од минатите две сезони со Хонда, па освоеното четврто место сигурно ќе му даде потстрек за напредок во останатиот дел од сезоната.
Зад него заврши Енеа Бастијанини, шести беше Алекс Маркез, а во првите десет се најдоа уште Ди Џанантонио, Алеиш Еспаргаро, Педро Акоста и Маверик Вињалес.
-
Англијапред 21 час
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 17 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 21 час
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 22 часа
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 20 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 12 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 20 часа
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 17 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал