Поврзете се со нас

Македонија

Ибраими донесе голема победа за Струга, болен пораз за Вардар од Воска

Објавено

на

Тимот на Струга Трим Љум се избори за важна гостинска победа над Македонија Ѓорче Петров во пресметката од 28. коло во Првата македонска лига.

Бранителот на трофејот славеше во Ѓорче Петров со 1-0 со атрактивниот погодок на ветеранот во првото полувреме. Со овој резултат избраниците на Дуро се чекор поблиску до нов трофеј во шампионатот со оглед на тоа што Шкендија денеска загуби во Кавадарци од Тиквеш со 2-1, а Шкупи освои само бод во Кратово (0-0).

Болен пораз во борбата за опстанок доживеа Вардар кој на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари загуби од Воска Спорт со 1-0.

Голманот на гостите Захов имаше неколку добри интервенции, додека на спротивната страна Ачимовиќ го постигна единствениот гол.

На последниот меч Гостивар и Брера ремизираа играјќи 1-1.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни