Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ испорача дабл-дабл, Уникс стартуваше со победа во ВТБ плејофот

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Уникс Казањ ја оправда фаворитската улога во дуелот со Самара и со победа (83:73) го отвори настапот во првата рунда на плејофот на ВТБ лигата.

Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи водеа и го контролираа резултатот во најголем дел од натпреварот, па и заслужено поведоа во серијата до три победи.

Македонскиот репрезентативец немаше посакувана шутерска вечер, но сепак стигна до дабл-дабл, со 11 поени и 15 асистенции, со кои им помогна на соиграчите да стигнат до посакуваните реализации на оваа средба.

Грин со 20 и Бако со 18 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека кај Самара, Томпсон реализираше 13 поени.

Уникс веќе на 25. април повторно ќе биде домаќин, пред серијата да се префрли на теренот на противникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни