Поврзете се со нас

Италија

Кјелини за престојот на Роналдо во Јувентус: Тој беше шлагот, но му беше потребна поголема торта

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Џорџо Кјелини реализирал уште едно интервју во кое се навратил на својата фудбалска кариера и на интересни моменти од неа, а меѓу темите бил и Кристијано Роналдо, односно неговиот престој во редовите на Јувентус.

Кјелини беше капитен на „бјанконерите“ во периодот кога Португалецот дојде како големо засилување за италијанскиот состав, кој сепак не успеа да направи посакуван резултат во Лигата на шампионите и со Роналдо во тимот.

Дефанзивецот смета дека Роналдо не можел да направи повеќе во ситуација кога неколку важни играчи на Јуве биле повредени, посебно во сезоната кога италијанскиот состав беше елиминиран од Ајакс.

– Немавме среќа со повредите и бевме елиминирани од Ајакс. Ако не се случеше тоа, мислам дека можевме да одиме до крајот.

– Потоа опадна и нивото на тимот, а тој не можеше сам да го неутрализира тоа. Тој беше шлагот, но му недостасуваше малку поголема торта, – коментирал Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни