Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Штербик имал срцев удар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/veszpremhandballteam

Веспрем вечерва му гостува на Алборг во реванш натпреварот од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, меч пред кој унгарскиот великан објави еден непријатна вест поврзана со Арпад Штербик.

44-годишниот Штербик кој сега е тренер на голманите на Веспрем имал срцев удар. Тој не се чувствувал добро по што отишол во болница каде е утврдено дека имал срцев удар.

-Нашиот тренер на голманите, Арпад Штербик не отпатува со тимот во вторникот. Арпи се чувствувал лошо утрината и отишол во болница каде што му е дијагностициран срцев удар.

-Благодарение на брзата медицинска интервенција, тој се чувствува подобро и можеби утре ќе ја напушти интензивната нега. Му посакуваме на Арби целосно закрепкување. Те чекаме да се вратип, -порачаа од Веспрем.

Само за потсетување Штербик дел од својата кариера ја мина и во Вардар со кој стана и европски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни