Поврзете се со нас

Американски спортови

Шок во Канзас Сити: Шампионската парада заврши со пукотници и најмалку една жртва (Видео)

Објавено

на

Фото: www.chiefs.com

Фановите на Канзас Сити денеска имаа можност да ги поздрават нивните миленици кои во понеделникот наутро триумфираа на последното Супер боул издание, но настанот завршил со пукотници и паника.

Американските медиуми јавуваат дека непознати напаѓачи убиле едно лице, а девет се сериозно повредени, додека полицијата се обидува да ги открие сторителите кои предизвикаа голема паника меѓу присутните.

Одговорните пренесуваат дека тројца од повредените се во критична состојба, додека петмина се во тешка состојба.

Полицијата веќе уапсила неколку лица, а на едно од аматерските видеа се гледа како неколку фанови задржуваат еден од напаѓачите пред да пристигнат полицајци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни