Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓоргиев одличен во соочувањето со Трентино во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/achvolleyljubljana

Екипата на АЦХ Волеј Љубљана за која настапува македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев му прижи силен отпор на Трентино во средбата од првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Трентино е тим кој гази во италијанскиот шампионат во оваа сезона, има перфектни шест од шест и токму поради ова важеше за апсолутен фаворит против најдобриот тим од Словенија, но мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат.

Домаќините тргнаа силовито и првиот сет го решија со 25:15, ама веќе во вториот Никола и компанија одговорија на најдобар можен начин со 25-20 и израмнување на 1-1 во сетови.

Одново Трентино покажа моќ и со 25-18 ја врати предноста за да во четвртиот сет имаме голема борба во која фаворитот со 26-24 дојде до третиот „поен“ и заокружување на оваа прва приказна во елитната конкуренција.

Рилицки со 28 поени беше најдобар кај победникот, додека Ѓоргиев и Покершник забележаа по 18 реализации на спротивната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни