Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Веспрем доминантен во унгарското дерби, ПСЖ со победа со која е блиску до Топ 8 во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/psghand

Екипите на Веспрем и Пари Сен Жермен се на добар пат да обезбедат пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Веспрем како гостин му одржа лекција на Пик Сегед во унгарското дерби со 37:30. Гостите беа ефикасни во двете полувремиња, а најистакни на листата на стрелци беа Деска и Вајлупов со по седум погодоци.

Одличен на голот пак беше Коралес кој забележа 15 интервенции. Фримел пак со шест погодоци се истакна кај поразените.

„Светците“ од Париз пак беа подобри од Висла Плоцк со резултат 30:26. Избраниците на Гонзалес постојано беа чекор, два пред противникот и заслужено дојдоа до триумф со кој широко си ги отворија вратите кон наредната фаза.

Шипжак и Пранди имаа по осум реализации кај Париз, додека Зарабец и Крајевски дадоа по четири гола за домаќините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни