Поврзете се со нас

Автомобили

Прв настан од иницијативата „Да ја победиме сообраќајната некултура!“

Објавено

на

Изминатата сабота (11.11.2023), на иницијатива на “Мотоцентар“, а поддржано од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и МВР, се одржа настан именуван како “Да ја победиме сообраќајната некултура!“.

Во рамки на настанот, кон публиката се обратија г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“, г-ѓа Гордана Кожуваровска, Претседател на Републички Совет за Безбедност на Сообраќај на Патишта (РСБСП), г-дин Љупчо Грујовски, Претседател на „Порше Клуб Македонија“ и г-дин Ристо Вуков – Рико, македонски спортски автомобилист.

Говорниците повикаа на свест, совест и внимателност во сообраќајот, апелирајќи за важноста на примената на повисоко ниво сообраќајна култура, почнувајќи секој од себе лично.

На настанот, му претходеше авто-мото дефиле во кое учествуваа членовите на “Порше Клуб Македонија“, кои со повремено свирење за време на дефилето, алармираа за поголемо внимание во сообраќајот и сообраќајна култура.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни