Поврзете се со нас

Англија

Слот за можноста да седне на клупата на Ливерпул: Мојата одлука е јасна…

Објавено

на

foto:twitter.com/JacobsBen

Премиерлигашот Ливерпул се впушти во интензивна потрага по наследник на Јирген Клоп кој одлучи да си замине по крајот на актуелнава сезона.

Неколку имиња се поврзуваа со клупата на „црвените“, но сега фокусот дефинитивно е ставен на предводникот на холандски Феенорд, Арне Слот.

Слот преку Камбур и АЗ Алкмар стигна до Феенорд во 2021 година и испеа на истиот да му донесе одлични резултати како на домашно ниво така и во европските купови. Оваа негова работа дефитивно падна во очите на Ливерпул кој во него гледа идеално решение за Клоп, а и самиот стратег официјално порача дека е подготвен да „слета“ на „Енфилд Роуд“.

-Би сакал да станам нов менаџер на Ливерпул, моjата одлука е јасна. Феенорд и Ливерпул се во процес на преговори, чекам да видам што ќе излезе од тоа. Уверен сум, чекам клубовите да постигнат договор, -порача Арне.

Тој има договор со составот од Ротердам до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни