Поврзете се со нас

Англија

Ова се чекаше повеќе од две децении: Ипсвич повторно ќе игра во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/IpswichTown

Фудбалскиот клуб Ипсвич по повеќе од две децении повторно ќе биде дел од најквалитетната конкуренција на островот-Премиер лигата.

Со денешниот триумф над Хадерсфилд со 2-0 официјално беше запечатена, потврдена промоцијата во највисокиот фудбалски ранг во Англија.

Ипсвич во три сезони успеа од третата лигата да дојде до елитата и со тоа стана петти тим по Манчестер Сити, Вотфорд, Норич и Саутемптон кој успеал ова да го направи.

Последен пат овој клуб играше во ПЛ во 2002 година. Тие го освоија второто место во Чемпионшип со 96 бода, еден помалку од шампионот Лестер.

Лестер, Саутемптон, ВБА и Норич пак ќе водат борба за последното место кое води во првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни