Поврзете се со нас

Свет

Барди со интелигентен потег од слободен удар повторно се запиша во листата на стрелците (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Trabzonspor

Енис Барди постигна атрактивен гол против Газијантеп пред една недела и беше дел од пресвртот на Трабзонспор, а денеска повторно се запиша во листата на стрелците и за момент го врати својот тим во игра.

Гостите од Трабзон загубија од Самсунспор со 3:1 и продолжија со топло-ладно настапите оваа сезона, па сега ќе мора во завршните три кола да го потврдат третото место на табелата.

Трабзонспор губеше со 2:0 кога Барди постигна гол од слободен удар за намалување на негативата, но за жал погодокот на Енис се покажа како почесен за гостинскиот тим.

Барди постигна гол директно од слободен удар со навистина интелигентен шут, користејќи ја шумата од нозе во шеснаесетикот за да го матира домашниот голман Кочук.

За Барди ова беше седми гол во турската Суперлига оваа сезона, натпреварување во кое придодаде и четири асистенции зад своето име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни