Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Ова е резиме на сезоната, мора да се променат многу работи за да се бориме со Реал!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона одново покажа две различни лица во текот на еден фудбалски натпревар, па откако изгледаше дека контролира многу работи на теренот во 65 минути, на крајот доживеа шокантни и разочарувачки 25 минути на „Монтиливи“.

Џирона направи целосен пресврт и постигна три гола во период од десетина минути, а поразот од 4:2 автоматски значеше дека Реал Мадрид од денес е нов шпански шампион.

„Кралевите“ го преземаат тронот токму од Барселона и по 36-ти пат во својата историја станаа национални шампиони, па во моменти кога мораше да го прифати поразот, Чави нагласи дека во тимот мора да се променат многу работи на играчко и ментално ниво за да се носат со Реал следната сезона.

– Реалноста е дека ја загубивме контрола на мечот поради кардинални грешки кои не смеат да ни се случат. Повторно ни се случи нешто слично. Имавме шанси за да го решиме мечот и на крајот му подаривме се на противникот. Мора да се променат многу работи за да се бориме и да се наптреваруваме со Реал следната сезона.

– Покажавме две лица на уште еден меч, бевме брилијантни 60 минути, а потоа ни се случи резиме на сезоната: Не убива тоа што сме неефикасни, а тука се и грешките кои не се прифатливи за играчи кои ги бранат боите на Барселона. Имам чувство дека ги подаруваме натпреварите. Така беше со Реал пред две кола, така е и сега против Џирона.

– Мора да се подобриме во многу работи ако сакаме да се бориме, пред се ментално и психолошки. Мора да промениме многу работи за да бидеме конкуренти на Реал , – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни