Поврзете се со нас

Италија

Касано уште еднаш го „закачи“ Алегри: Направи Паредес да изгледа како келнер…

Објавено

на

Foto:instagram.com/antoniocassano

Антонио Касано е познат како човек без влакна на јазикот, човек кој директно кажува што мисли и едноставно никого не штеди без разлика на името и дали има нешто направено, постигнато или не.

Потврда за тоа се жестоките критики на адреса на Симоне Инѕаги во моментите кога Интер го освои Скудетото со една перфектна сезона во која ги надигра сите во Калчото.

Касано распали и по Инѕаги: Го освои Скудетото, но треба да биде обвинет за неуспех!

Тој често знае да распали и по Масимилијано Алегри, па така според него актуелниот тренер на Јувентус е заштитен од медумите кои му помагаат да ја задржи работата.

-Има некои тренери кои се заштитени од печатот и Алегри ги има овие четворица или пет пријатели кои пишуваат што и да им каже да напишат.

-Минатата сезона го направи Леандро Паредес да изгледа како келнер, го користеше Енцо Баренечеа во средината, а потоа ги натера да пишуваат критики за Анхел Ди Марија кој шест месеци претходно го освои Светското првенство со Аргентина.

-Ди Марија е феноменален играч, некој кој оваа сезона веќе постигна 22 гола во Бенфика. Алегри е некој кој сака да ја добие заслугата и бара од пријателите да му помогнат да остане на својата работа, -порача Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни