Поврзете се со нас

Англија

Халанд постигна четири гола за победа на Сити, па му се налути на Гвардиола (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд го постигна деветтиот хет-трик во својата втора сезона како играч во Премиер лигата, но за да биде уште поимпресивно, Норвежанецот денес всушност постигна четири гола во победата над Вулверхемптон.

Актуелниот шампион одново одговори со триумф на притисокот кој го направи Арсенал, а најзаслужен за тоа беше најдобриот голгетер кој беше посебно расположен за тресење мрежи.

Халанд го отвори резултатот со удар од белата точка и најави дека Сити ќе има мирно попладне, по што се запиша во листата на стрелците уште двапати до крарјот на првиот дел.

На пауза се замина со резултат 3:0, а „волците“ отворија со гол на стартот на второто полувреме, нешто што предизвика експресна реакција од Халанд.

Ерлинг доби добра топка од Фоден и фантастично реагираше за 4:1, со што автоматски експресно одговори на погодокот кој го постигна Хвонг.

Во ситуација кога победникот беше веќе решен, Пеп Гвардиола реши да го извади Халанд од игра и тоа воопшто не му се допадна на Норвежанецот, кој откако лично му забележа на менаџерот, негодуваше и во моментите кога седнуваше на клупа.

Неговото место на теренот го зазема Хулијан Алварез, а токму Аргентинецот ги постави конечните 5:1 на „Итихад“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни