Поврзете се со нас

Свет

Миовски стрелаше и донесе победа за Абердин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски донесе победа за Абердин на денешното соочување со Сент Џонсон во првата лига на Шкотска.

Домаќините потврдија дека се во подобра форма од ривалот и славеа со 1-0 со голот на Миовски во 68 минута. Напаѓачот ја презема одговорноста и биеше прецизно од 11 метри.

Ова за Бојан беше 15. гол во шампионатот, вкупно 25 во сезоната во сите конкуренции.

Абердин со 41 бод е на 8. позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни