Поврзете се со нас

Македонија

Работнички не дозволи втор брејк, полуфиналната серија се сели во Битола

Објавено

на

По тешкиот пораз на првиот меч, играчите на Работнички денеска успеаја да се приберат и да одиграат тимски на домашен терен против Пелистер, па така не дозволија втор брејк од актуелниот македонски вицешампион.

Евентуален пораз на денешниот меч практично ќе ја решеше оваа полуфинална серија, но сега во Битола ќе се оди со резултат 1:1 и голема неизвесност за патникот во финалето.

Тимот на Самарџиев го наметна ритамот уште во првата четвртина и во првите десет минути стигна до двоцифрена предност, па иако Пелистер ја стопи истата на стартото на вториот период, на пауза се замина со резултат 43:35.

По израмнетиот трет период, во последната четвртина Работнички влезе со предност од пет поени и успеа да ја одржи истата, а на крајот славешес со 75:69 за 1:1 против Пелистер.

Роберт Рикиќ беше најдобар поединец на паркетот со 22 поени и 14 скокови, а поддржан беше и од Бобан Стајиќ кој уфрли 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни