Поврзете се со нас

АБА лига

„Штрковите“ се подготвени за борба во Суботица: Ќе решаваат финеси…

Објавено

на

МЗТ Скопје вечерва (19 часот) се соочува со Спартак Суботица во реванш средбата од полуфиналето на АБА2 лигата.

Македонскиот првак не успеа да оствари позитивен резултат на првото соочување, немаше констатност во играта и на крајот загуби со пет разлика во СЦ „Јане Сандански“ и тоа се стави во тешка позиција за вечерашниот меч.

Меѓутоа „металците“ веруваат дека се способни да ја свртат ситуаицјата во нивна полза и тоа со максимална пожртвувана игра на дуелот во Србија.

-Нема предавање, без разлика што мечот ќе го почнеме со стартна негатива. Изминатава недела работевме на исправање на покажаните слабости, како и на пронаоѓање нови начини како би можеле да го изненадиме силниот противник. Наша цел е да се бориме до последниот атом енергија, да дадеме се од себе и да пробаме да вратиме на идентичен начин. Нема да биде лесно, Спартак Суботица е квалитетен тим со голем буџет и големи амбиции, но тоа нема да значи дека нема да ги примораме сериозно да се испотат ако сакаат да дојдат до финалето. Очекувам возбудлив и до крај неизвесен меч во кој пак ќе решаваат финеси, -порача тренеро Атанасов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни