Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна перфектен хет-трик, трет на последните шест меча! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо стигна до третиот хет-трик на последните шест меча во фудаблската Премиер лига во Саудиска Арабија, податок кој само потврдува дека Португалецот е неуморен голгетер и во завршната фаза од својата кариера.

Ветеранот не престанува да ги решета противничките мрежи и вечерва испорача перфектен хет-трик во мрежата на  Ал Вехда, бидејќи постигна гол со лева и десна нога, но и со глава.

Португалецот беше лидер во новата победа на Ал Наср и останува недопирлив како прв на листата на најдобри стрелци со 32 гола, девет повеќе од Митровиќ.

Роналдо денеска сите голови ги постигна од игра, а истото важи и за останатите тројца стрелци на натпреварот, Отавио, Мане и Ал Фатил.

И покрај  триумфот, Ал Наср речиси да нема никакви шанси за титулата во домашното првенство, па трофејот сигурно ќе го бара во финалето на Кингс Купот во кој за ривал ќе го има Ал Хилал.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни