Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти објасни зошто играчите на Реал нема да ја слават титула со навивачите на „Сибелес“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Голем дел навивачи на Реал Мадрид се упатија кон „Сибелес“ за да прослават уште една голема титула на нивниот омилен клуб, но оваа вечер нема да бидат придружени од своите херои обоени во бели дресови.

Реал Мадрид по 36-ти пат ја освои титулата во Ла Лига и тоа беше математички потврдено откако Барселона загуби на гостувањето кај Џирона, но за разлика од обично, Карло Анчелоти смета дека најдобро е шампионското славје да се одложи за една недела.

Италијанскиот стручњак не сака дефокус од најважниот натпревар кој следи во Лигата на шампионите оваа сезона, оној против Баерн Минхен кој се игра во среда на „Сантијаго Бернабеу“.

– Многу сме среќни и многу сме задоволни што титулата е веќе потврдена. Верувам дека сите наши фанови се среќни и воодушевени. Ова патешествие во Ла Лига беше фантастично, апсолутно ја заслуживме титулата. Поддршката од фановите беше фантастична и многу сме задоволни.

– Реалноста е дека сакаме да славиме со нашите фанови на „Сибелес“ плоштадот уште вечерва, но сигурен сум дека навивачите ја сфаќаат важностса на тоа што следи во среда. Следната недела не чека многу важен натпревар и мора да бидеме одморени и да се подготвиме на најдобар начин. Освоената титула во Ла Лига ќе ја прославиме сите заедно на крајот на следната седмица. За нас е многу важно да се прослави, но прославата е малку одложена поради важниот предизвик кој го имаме во среда, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни