Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Енрике е убеден: Ќе бидеме многу силни во реваншот, треба да се поправи една работа

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_Inside

Екипата на Пари Сен Жермен доживеа пораз од Борусија Дортмунд од 1-0 во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Светците“ имаа шанси да се изборат за далеку подобар, поповолен резултат, меѓутоа ниту еднаш не ја затресоа мрежата на домаќините и ќе мора пред своите гледачи да остварат победа ако сакаат место во големото финале на „Вембли“.

Тренерот Луис Енрике и убеден дека на реваншот неговиот тим ќе биде на повисоко ниво, ќе биде многу посилен со тоа што ќе мора да се корегира една работа, завршницата на акциите.

-Соблекувалната е малку депресивна поради нереализираните шанси, но ова не е ништо страшно. Ќе бидеме многу посилни во реваншот.

-Претходно видовме што можеме да направиме пред нашата публика, верувам дека ќе направиме нешто исклучително, само да се конкретираат работите во завршницата. Што се однесува до Ернандез, сè уште немам информации за статусот на неговата повреда, но воопшто не изгледа добро. Ќе чекаме лекарски прегледи, -порача Шпанецот.

Возвратниот меч е закажан за 7 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни