Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија направи луд пресврт и се искачи на првото место, Вардар оствари многу важна победа во Штип

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Празничмото „1-во мајско“ коло во Првата македонска фудбалска лига донесе многу голови и возбуда на натпреварите во нашата земја, а мора да се издвои дека од денеска има нов лидер на првенствената табела.

Шкендија на најдобар можен начин ги искористи киксовите на Шкупи и Струга и сега е во пол-позиција за освојување на титулата во домашното првенство, бидејќи тетовските црвено-црни ќе имаат уште поголема самодоверба после пресвртот кој го режираа.

Тетовскиот тим беше на работ од пораз и Брера Струмица водеше со 0:2 до 77-та минута, но голоите на Ивковиќ и Цветаноски сепак не ги поколебаа фаворитите, кои во последдните 15-тина минути режираа чудо. Адеми намали на 1:2, Цаке израмни на 2:2, додека Аганспахиќ погоди за целосен пресврт и победа од 3:2 во 94-та минута.

Во сличен и крајно драматичен меч, Струга испушти предност од 1:2 против Тиквеш и на крајот загуби со 3:2 во Кавадарци, додека Гостивар на домашен терен го победи Шкупи со резултат 2:0.

Во дербито за опстанок, максимално важен натпревар се играше во Штип, каде Вардар успеа да ја победи Брегалница со високи 0:3, и тоа со головите на Шушњара, Дошев и Николовски.

Воска Спорт ја победи Македонија Ѓорче Петров со 0:2, додека важен гостински триумф оствари и Работнички кај Силекс со 0:1.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни