Поврзете се со нас

Европски купови

Шортс најдобар, Париз поведе во финалето во Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/EuroCup

Екипата на Париз за која настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс поведе со 1-0 во финалната серија против Бург во Еврокупот.

Домаќините го оправдаа статусот на фаворит со една убедлива игра во која се беше решено уште во првото полувреме кое Париз го доби со 23 разлика (54:31). Третиот период беше катастрофален, неефикасен од двете екипи (11-12) за да во последниот гостите намалат од негативата (21-12) и се изборат за подостоинствен пораз за конечни на крајот 77-64.

Шортс кој претходно беше избран во најдобрата петорка и за МВП на сезоната одново беше најдобар на теренот со 15 поени, 3 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки. Зад него беше Хифи со 13 и Ерера со 11 кошеви.

Шортс прогласен за МВП на сезоната во Еврокупот

Признание за репрезентативецот: Шортс доби место во најдобрата петорка на сезоната во Еврокупот (ВИДЕО)

Втората средба се игра на теренот на Бург на 12 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни