Поврзете се со нас

Свет

Ристовска одигра без грешка и ја предводеше ЦСКА до победа во четвртфиналето во рускиот шампионат

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

Екипата на ЦСКА Москва од која дел е македонската ракометарка Сара Ристовска издвојува победа над Звезда Звенигород од 30:26 во првиот натпревар во четвртфиналето во рускиот шампионат.

Фаворитот имаше проблеми во првото полувреме кое му припадна на противникот со 13:12, но по паузата ЦСКА одигра на повисоко ниво, имаше подобри решенија во нападот, односно беше поефикасна и со 18:13 на крајот стигна до триумф од пет гола разлика.

Македонската репрезентативка Ристовска беше прв стрелец кај клубот од Москва со четири гола од исто толку обиди.

Наредниот меч во серијата е закажан за 27 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни