Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓуроски: Оваа победа треба да не мотивира да се надградиме како тим

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонија одигра перфектен натпревар на тимски план против Полска и успеа да слави на гостувањето со фантастични 71:96, а со тоа автоматски ја запишавме првата победа во квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на селекторот Јончевски го поправија изданието од мечот со Естонија и одиграа квалитетно во двата правци, па ако треба да се издвои уште некое индивидуално издание покрај оние на Димитријевиќ и Хап, тоа е она на Стојан Ѓуроски.

Искусниот кошаркар беше трет најдобар играч на паркетот и натпреварот го заврши со 17 поени, две украдени топки и два скока, а во својата анализа на победата посочи дека клучна била агресивноста и максималното залагање на секој поединец.

– Влеговме максимално мотивирано во натпреварот бидејќи знаевме од какво значење е за нас. На нивната игра одговоривме со една многу поголема агресивност. Мислам дека можеби малку и нè потценија. Се одлучивме помалку и да ризикуваме со нивниот шут од дистаца, во прв ред на Балцеровски, и тоа на крајот и се исплатеше.

– Сепак, сметам дека енергијата беше клучен фактор за победата на овој натпревар. Погодивме доста шутеви од далечина и поголем дел од репрезентативците одиграа феноменално. Нено нè предводеше, не само поради поените кои ги постигна, туку и поради фактот што нè разигра и нас останатите. И мислам дека на крилјата на оваа победа треба да продолжиме да се надградуваме како тим. Можеби лош момент е победата на Естонија против Литванија, меѓутоа тоа не значи ништо за нас. Следна на ред ни е репрезентацијата на Литванија, за која лично сметам дека можеме да ја победиме во Скопје. Има уште многу да се игра во овие квалификации и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари. Ова во Полска беше само првиот од многуте, – изјави Ѓуроски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни