Поврзете се со нас

Европски првенства

Шчесни искрен: Ако Полска не се пласираше на ЕП…(ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Полска го обезбеди последниот билет за Европското првенство кое ова лето ќе се одигра во Германија.

Полјаците излегоа како победници од драмата со Велс, драма која не донесе голови по 120 минути игра, па ударите од 11 метри го одлучуваа патникот на шампионатот.

Гостите тука беа поуспешни, сите петмина беа сигурно изведувачи, додека пак Велшаните во последната серија погреши Џејм чиј удар беше прочитан од голманот Војчех Шчесни.

Голманот на Јувентус имаше интервенција која му ја продолжи репрезентативната кариера, односно по средбата призна дека ова би му бил последен меч ако не се пласирале на ЕП.

-Дали ќе се пензионирав? Ооо, да сигурно ќе беше така, -истакнал Војчех кој има одиграно 81 меч за националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни