Свет
Суарез за наследникот во уругвајската репрезентација: Тој е една од најдобрите „деветки“ на светот (ВИДЕО)
Луис Суарез на почетокот на наредната година ќе го прослави 37. роденден и веќе влегува во помирни води, но неговата одлична форма во дресот на Гремио беше доволна за да одново добие повик во селекцијата на Уругвај за средбите против Бразил и Боливија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Повеќе од јасно е дека сега неговата улога е поинаква, тука е да помогне со своето искуство, знаење и тоа го прифаќа, па воедно испраќа и големи комплименти за играчот за кого може дека се каже дека е негов наследник во репрезентацијата-тоа е Дарвин Нуњез.
-Пред мене е една од најдобрите деветки во светот. Мораме да го поддржуваме и да уживаме во него. Денес сум во друга улога [од претходно] и среќен сум што сум тука и помагам на групата, -порача Суарез.
Членот на Ливерпул даде два гола во средбата против Боливија или поточно со 5 погодоци е прв стрелец во квалификациите за Мундијалот.
🍿 𝗠𝗢𝗠𝗘𝗡𝗧𝗔𝗭𝗢#ElEquipoQueNosUne pic.twitter.com/jkUKqhvAyb
— Selección Uruguaya (@Uruguay) November 22, 2023
¿Más cine? Ok pic.twitter.com/5W0Kibn8HC
— Selección Uruguaya (@Uruguay) November 22, 2023
-
Свет11 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија23 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија24 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Англија22 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Европски купови11 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Шпанија13 часа
Иниеста ги воодушеви фановите на Барселона со изјавата која ја даде за неосвоената „Златна топка“
-
АТП13 часа
Тиафо го режираше најнекултурниот „поздрав“ со судијата во поновата историја на тенисот (Видео)
-
АТП11 часа
Алкарас режираше „слатка одмазда“ за четвртфинале во Шангај