Европски купови
Брилијантниот Шортс му донесе европска титула на Париз и место во Евролигата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз се освојувачи на трофејот во Еврокупот за натпреварувачката 2023/2024.
Клубот од француската престолнина ја доби и втората пресметка со Бург (89-81), па со 2-0 ја затвори финалната серија и ја потврди доминатната сезона во ова натпреварување во кое во претрпе само еден пораз (22-1) и тоа од Бешикташ.
Во главна улога беше кој друг ако не Шортс со 22 поени, 6 скока и 5 асистенции со што беше прогласен за МВП на финалната серија. Претходно тој беше прогласен и за најкорисен играч на кампањата, се најде и во првата петорка што доволно говори за неговата класа.
Тој и минатата година „грмеше“ во дресот на Бон со кој ја освои ЛШ на ФИБА што е уште една потврда дека Ти-Џеј е навистина еден од најдобрите играчи на неговата позиција на стариот континент.
Овој триумф пак на Париз ќе му обезбеди место во Евролигата за натпреварувачката 2024/2025.
-
НБА23 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија13 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија22 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
АТП13 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари
-
Англија12 часа
Аморим ја објасни разделбата со Рашфорд: Не гледаме на фудбалот на ист начин