Поврзете се со нас

НБА

Леброн тешко ја поднесе елиминацијата и не поздрави ниту еден играч на Денвер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс беше најдобар играч на Лејкерс на гостувањето кај Денвер, но неговата добра партија не беше доволна за да се продолжи серијата барем за уште еден меч.

„Езерџиите“ се погрижија за големата драма и го предизвикаа актуелниот шампион до самиот крај, но поениот на Џамал Мареј во самата завршница се покажаа како пресудни за елиминација на Лејкерс.

Нагетси победија со 108:106 и ги испратија гостите на предвремен летен распуст, а тоа најтешко го поднесе Леброн Џејмс кој не остана на паркетот и веднаш се упати кон соблекувалните.

За разлика од Ентони Дејвис и други играчи на Лејкерс кои останаа да честитаат на теренот, Леброн не ги поздрави Јокиќ, Мареј и останатите, па тоа беше причина фановите да му фаќаат голем сеир на „кралот Џејмс“.

Инаку, Леброн беше најдобар поединец во неговиот тим во тесниот пораз, бидејќи мечот го заврши со 30 поени, 9 скокови и 11 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни