Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ продолжи да прави големи промени во својот победнички тим: Си оди и верниот Италијанец

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ размислува да ја продолжи својата играчка кариера без тренер, но тоа не значи дека нема да има свој важен тим крај себе, кој секако е составен од луѓе кои можат да му помогнат во надминување на секојдневните предизвици.

Лошиот старт на 2024-та година го натера Србинот да се раздели со Горан Иванишевиќ, но на наредните турнири нема да го гледаме и човекот кој секогаш беше блиску до хрватскиот стручњак.

Како што јавува угледниот „Спорт Клуб“, Ноле се разделил и со кондицискиот тренер Марко Паники, а доказ за тоа биле тренинзите во Србија каде светскиот рекет број еден бил уловен во друштво на Гебхард Фил-Грич, австриски стручњак за физичка подготовка.

Ноле и во минатото има соработувано со Фил-Грич и најверојатно ова ќе значи негов кам-бек во тимот на Србинот, но новиот рез кој го прави Ѓоковиќ јасно алудира дека прави сериозни корекции во тимот пред најважниот период кој претстои.

Главна цел на најтрофејниот грен слем шампион се Олимписките игри во Париз, но пред да дојде до тоа, Ѓоковиќ ќе има големи амбиции и на Ролан Гарос и на Вимблдон.

Ноле влегува во месец мај без освоен трофеј и без своите двајца најважни соработници во изминатите неколку години, а како тоа ќе се одрази на неговите резултати, останува да видиме во месеците кои претстојат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни