Поврзете се со нас

Шпанија

Тухел го остави на клупа фудбалерот за кого најави дека ќе постигне гол против Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен вечерва го пречекува Реал Мадрид во големотод дерби од полуфиналето на Лигата на шампионите, а познати се и составите со кои двете екипи ќе го започнат натпреварот.

Томас Тухел малку повеќе тактизираше и втор го објави составот, а во него го нема Серж Гнабри, кој очигледно е планиран како џокер за Баварците.

Ова би требало да биде објаснување за потегот на тренерот, кој вчера изјави дека е сигурен оти Гнабри ќе постигне гол против Реал.

На другата страна, Карло Анчелоти реши друштво во одбраната на Ридигер да му прави искусниот Начо, додека во средниот ред го избра Чуамени пред Камавинга.

Тухел типува кој играч на Баерн ќе постигне гол против Реал: Не знам зошто, но сигурен сум во тоа

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни