Поврзете се со нас

Италија

Имобиле ги разреши дилемите и посочи каде ќе игра во наредната сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

 

Чиро Имобиле веќе долги години е дел од составот на Лацио, тим во кој низ периодот стекна статус на легенда поради се што направи за клубот.

Меѓутоа во актуелнава сезона немаше добри изданија, се мачеше и се погласни беа вестите за негово заминување, можна преселба во Саудиска Арабија. Тој во некои мечеви доби и свирежи од навивачите, меѓутоа искусниот ас ќе даде се од себе да се врати во форма, поточно не планира да си замине од „Олимпико“.

-Веќе реков, имам уште две години од договорот со Лацио и среќен сум тука. Моето семејство е средено и не гледам причина да заминам. Очигледно, по ваква сезона има многу прашалници и пристигнуваат некои критики. Имав седум години на исклучително ниво и една година со пад во формата и некои потешкотии кои со промената на тренерот не беа надминати.

-Бидејќи со текот на годините јас бев тој кој постигна најмногу голови и имаше најдобри перформанси, платив за падот, но тоа може да се случи. Кога тргнуваш на погрешна нога и почнуваш да губиш дел од прецизноста пред голот што отсекогаш ја имал, тоа некако те става во темно место и јас не бев навикнат на таа ситуација. Сепак, една лоша сезона сигурно не може да го уништи сето добро што го направив во овој дрес, -истакна Имобиле кој призна дека се почувствувал повреден со вестите кои го посочуваа него како виновник за заминувањето на Маурисио Сари.

-Она што најмногу ме повреди е тоа што луѓето ме обвинуваа дека сум го натерал Сари да замине. Тоа повеќе влијаеше на мене како личност отколку на играч. Сари е толку престижен тренер, никогаш не би се впуштил во тоа со него, или со некој, -порача голгетерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни