Поврзете се со нас

Германија

Белгиска легенда е во комбинација за нов тренер на Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен се мачи да дојде до наследникот на Томас Тухел, поточно се уште го нема решено ова прашање и покрај големата желба, намера истото досега да биде затворено.

„Баварците“ добија „НЕ“ од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник, не се реализираа и некои други најави, а сега најновата е дека германскиот великан размислува за едно неочекувано решение-тоа е Венсан Компани.

Компани во внесе Барнли во Премиер лигата, но и експресно испадна од елитата, меѓутоа без разлика на тоа е интересен за неколку клубови. Меѓу нив според Фабрицио Романо е и Баерн кој внатрешно разговара на оваа тема што значи не е исклучено Белгиецот да се врати во Германија со оглед на тоа што своевремено како играч настапуваше за Хамбургер.

Ама и Брајтон бара нов тренер што значи Венсан ќе има понуди на маса, па останува да се види која ќе ја избере.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни