Поврзете се со нас

Шпанија

Крос ја одби понудата од Реал и донесе одлука која многумина нема да ја сфатат (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос игра во страшна форма и не изгледа на фудбалер кој е блиску до повлекување, но Германецот дефинитивно реши дека ги брои последните месеци како активен играч.

Легендарниот германски играч за врска ова попладне официјално соопшти дека ја одбил последната понуда од Реал Мадрид за продолжување на договорот, бидејќи сега и дефинитивно одлучил да го направи тоа што го мислеше уште лани.

Крос во своето обраќање потенцира дека ја завршува својата етапа во Реал Мадрид со големото финале во Лигата на шампионите, а Европското првенство во Германија ќе биде последен турнир во неговата кариера, по што заминува во пензија.

– На 17-ти јули 2014-та година се промени мојот живот, ја доживеав мојата презентација во Реал. Ми се промени животот како фудбалер, но пред се како на личност. Тоа беше почеток на една етапа во најголемиот клуб во светот. Денеска, десет години подоцна, сакам да кажам дека оваа етапа доаѓа до својот крај.

– Сакам посебно да му се заблагодарам на Флорентино Перез, на клубот и на сите кои ме пречекаа со отворено срце и кои веруваа во мене. Но, најмногу сакам да се заблагодарам на вас мадридисти, за вашата љубов и за поддршката од првиот до последниот ден. Истовремено, оваа одлука значи дека мојата кариера како активен фудбалер ќе заврши по крајот на Европското првенство. Како што секогаш велев, Реал Мадрид е и ќе остане мој последен клуб. Мојата амбиција секогаш беше да ја завршам кариерата на врвот. Поради тоа, од мојата глава не излегува една мисла: Одиме по 15-та титула во Лигата на шампионите – Хала Мадрид, – порача Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни