Поврзете се со нас

Македонија

Ѓорѓи Мојсов: Се ќе зависи од Тиквеш, ќе го донесеме пехарот во Кавадарци!

Објавено

на

Тиквеш и Воска Спорт ќе водат „војна“ за пехарот во 31. финале на Купот на Македонија кое е закажано за в среда од 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се работи за две екипи кои многу добро се познаваат, Тиквеш беше поуспешен во пресметките во Првата македонска лига, па воден од ова клубот од Кавадарци верува дека ќе успее да слави во нашата престолнина и на тој начин ќе испише нова страница од својата клупска историја, а во исто време ќе обезбеди излез во Европа, но и ќе ги израдува сите свои навивачи, поддржувачи.

-Од почетокот на сезоната имавме јасна цел, да играме во финалето на Купот. На добар пат, остануваат уште 90 минути кои треба да ги одиграме како што знаеме, играчите да го исполнат договореното и ако тоа се случи верувам дека ќе славиме.

-Двете екипи добро се знаат, нема да има изненадувања, ќе победи екипата која повеќе ја посакува. Ќе одлучи момент на грешка, прекин, знаеме со кого се соочуваме, Воска е квалитетен тим, ама ние нема да отстапиме од нашата игра. Од прва минута знаеме што треба да правиме во среда. Се ќе зависи од Тиквеш, ама и тие можат истото да го кажат. Финале е финале, но што стигнавме до тука се враќаме во Кавадарци со пехар, -истакна тренерот Ѓорѓи Мојсов за „ДЕРБИ“.

Освојувачот на трофејот ќе има можност да ја претставува Македонија во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни